Четврток, 20.11.2008
Австралиските кенгури генетски се слични на луѓето, а најверојатно потекнуваат од Кина. До овие факти дојде тим на австралиски научници кои изработија карта на генетскиот код на кенгурите од која е евидентно дека геномот на австралиското најпрепознатливо животно во голем дел се совпаѓа со човечкиот.
"Мислевме дека ќе бидат измешани, ама не се. Голем дел од геномот на кенгурите е ист како и кај луѓето. Постојат некои разлики (ајде бе :) - заб.уред.), ние имаме нешто повеќе, а нешто помалку, но станува збор за исти гени кои во голем дел се еднакво подредени како и кај нас" - изјави директорката на Центарот за геномика на кенгурите, Џени Грејвс.
Според ова истражување, луѓето и кенгурите последниот заеднички предок го имале пред 150 милиони години, по што кенгурите започнале самостоен развиток најпрво во Кина, после што се раселиле во Америка, Австралија и на Антарктикот.
Др. Грејвс додава: "Кенгурите ни даваат многу информации за тоа какви сме биле и ние пред 150 милиони години". Изгледа дека г-ѓа Грејвс досега не чула за Мајкл Џордан - жив пример за заклучокот до кој дошле австралиските научници.