Мистерија за смртта на 60- годишниот Панче Георгиевски. Убиство или природна смрт. Утринава сопругата го пронашла неговото безживотно тело. Се изненадила кога отишла да ја провери викендицата во Катлановска бања.
Сопругот лежел мртов во дворот. Со надеж дека е се уште жив повикала брза помош, но докторите констатирале смрт. Од што била предизвикана, нема информации. Истражен судија, инспектори од МВР, крим техника, попладнево вршеа увид. Утврдиле дека на телото нема траги на насилство.
Населбата каде е лоцирана викенд куќата на Георгиевски е на излезот од Катланово. Немаат улично осветлување, ниту асфалтиран пат. Соседите велат дека често има кражби и грабежи. Неколкупати токму нивната кука била мета на крадци.
По увидот ниту полицијата нема информации за смртта. За да ја олеснат работата истражен судија телото го предал на обдукција.