20.11.2008 | Филип Петрески
Играчот од средниот ред на Ливерпул Јоси Бенајун изјави дека е подготвен да го напушти Енфилд поради тоа што Рафа Бенитез не му допушта да се бори за место во првата постава.

Бенајун е исфрустриран од односот на шпанскиот стратег на клупата на Ливерпул кој оваа сезона го остави на клупата, и го стави во првиот тим на само два од последните десет меча.
Израелскиот репрезентативец потпиша за Вест Хем во летото 2007 година и стигна до импресивна бројка од 11 погодоци и 10 асистенции во првата сезона во клубот. Моментално Бенајун е надвор од островот поради интернеционални обврски, и се припрема за мечот со Брегот на Слонова Коска, но призна дека мислите му се насочени кон излезот од Енфилд.
Тој за британските медиуми изјави: „Фактот што не сум во почетната постава и секогаш влегувам како замена кажува многу. Дури и кога се работи за клуб како Ливерпул, ако не играм подолг период не би сакал да бидам на нивниот список на играчи повеќе. Уживам во Англија, но можеби е време да научам нов јазик, италијански, француски или руски“.