Шоубизнис

» поопширно



Таџ Махал

Има многу прашања поврзани со Таџ Махал - кој и зошто го изградил, кога може да се посети, каде се наоѓа и сл. Оваа репортажа е со намера да ви ги даде сите тие одговори, како и кратка историја за овој голем споменик на љубовта.

Таџ Махал, олицетворението на љубовта и романтиката, се наоѓа во Агра (Утар Прадеш – Индија), на 204 км јужно од Делхи. Како надгробен исламски споменик, започнал да се гради во 1631 година, а бил завршен 22 години подоцна, во 1653 година. На неговата изградба работеле 20 илјади работници со илјада слонови. Тој целосно е изграден со бел мермер, кој бил носен од цела Индија и централна Азија. Сместен е во градина на брегот на реката Јамуна. Половина од неговата убавина доаѓа од стратешката локација на која се наоѓа.

Историјата ни кажува зошто овој споменик бил изграден и други факти поврзани со неговата прекрасна структура. Тогашниот император Шах Јахан (подоцна Принц Курам), ја запознал Арјуманд Бану Бегум (подоцна Мумтаз Махал) на 14 годишна возраст и се заљубил во неа на прв поглед. Таа била Муслиманска персиска принцеза, а Шах бил син на императорот Јехангир. Пет години подоцна, во 1612 година, тие се венчале. Кога Шах го наследил престолот, ги промениле нивните имиња. На една од своите жени, најголемата негова љубов Арјуманд, и го доделил името Мумтаз Махал што значи “Скапоцениот камен од Палатата”. Иако тој имал уште две жени, Мумтаз била неговата омилена и го следела секаде, дури и на воените кампањи.

Мумтаз Махал, нераздвојната сопатничка на Шах, починала во 1631 година, додека го раѓала нивното 14-то дете. Се верува дека во последните мигови од нејзиниот живот добила ветување од Шах дека тој ќе изгради најубав споменик на светот во нејзина чест. Како и да е, навистина изградил токму таков споменик, во кој подоцна бил погребан и тој и кој денес претставува едно од седумте светски чуда. Чувствувал неизмерна болка и тага, па покрај изградбата на споменикот, Шах тогаш наредил да биде прогласена и двегодишна тага во цела престолнина.

Многу поетски илустрации често се креирани околу Таџ Махал во ноќите осветлени со месечина. Но, помислата да се помине ноќта во него е ништо друго освен сон. Тоа е така затоа што овој споменик преку вечер е затворен за јавни посети. Порано, Врховниот Суд од Индија дозволувал отварање на Таџ Махал само во ноќите кога имало полна месечина.

Кога би помислиле да го посетите Таџ Махал, сигурно би ви дошло на памет и прашањето како да се помине еден ден во него?

Иако Таџ изгледа како едноставна градба, внатрешноста е исполнета со толку многу структури, кои за да бидат разгледани не е доволен еден ден. Наутро, Таџ Махал е прекриен со магла и е потопен во мек црвен сјај, со што изгледа како дворец од бајка. Отсјајот од сончевите зраци паѓајќи на неговата бела мермерна фасада, ја менуваат бојата од светло сива и жолта до бисерно кремава и заслепувачки бела, како што одминува денот. Времето на зората го претставува Таџ во нежни розеви сенки, додека сонцето ги мие со портокалова боја. Убавината на Таџ Махал ја достигнува својата кулминација во ноќите осветлени од месечина, посебно кога е таа полна.

Најдобро време за посета на Таџ Махал е зимската сезона од октомври до март, иако и во другите месеци ќе ви го одземе здивот.

 

 

Даница Ангеловска/Кајгана
Објавено на: 05.05.2008

http://www.kajgana.com/statija_412.html

Дубаи Олга Куриленко за Maxim

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Види финта... Моќта на Посејдон Отидов да копирам
Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција У Квантички :)
© 2005-2008 Kajgana.com