Само една компилација на свежи фотографии од Дубаи. Колку за информација, денес ќе биде одржано гала-отварањето на луксузниот хотел Атлантис, лоциран на вештачкиот остров Џумеира. За таа цел, сопствениците на Атлантис ја организираат најскапата приватна забава во светот. Вкупната вредност на средствата потрошени за организирање на оваа забава ја надминаа вредност од 30 милиони долари.
Чисто информативно, еднодневен престој во луксузниот хотел Атлантис ќе ве чини 20.000 долари. Хотелот располага со 15 ресторани, окенариум, делфинариум и неколку водни паркови.

























