Петок, 21.11.2008
Гиљермо Дел Торо, режисерот на Hellboy, 6 години по обидот на Роберто Бењини одлучи да направи своја мрачна филмска верзија на приказната за дрвената кукла која оживува.
Дел Торо на својот нов проект ќе соработува со авторите на Мапет Шоу и со уметникот Грисом Гримли кој би требало да заврши еден дел од работите на сценариото за оваа најнова екранизација на приказната за деца од Карло Колоди.
"Оригиналната верзија на Пинокио е многу поперверзна и пострашна, дури има и моменти на полу-некрофилија, а Грисом сака таа оригинална мрачна страна на приказната да ја прикажеме на големото платно. Моментално работиме на сценариото, но не очекувајте дека во долгедно време ќе го имаме готовиот продукт. Новиот Пинокио во кино салите ќе се појави за минимум 3 години" - изјави талентираниот Дел Торо, кој додаде дека во неговата верзија главните ликови ќе бидат - кукли.