Петок, 21.11.2008
X-Men: First class e насловот на најновиот четврти дел од приказната за мутантите кои поседуваат надчовечки способности, во кој по првичните информации фокусот на приказната ќе биде врз младите членови на тимот: Ајсмен, Ејнџел, Колосус и Шедоукест.
Логично, откако добар дел од актерската екипа беше "убиен" во минатите 3 делови, а главниот фраер Волверин (Хју Џекмен) веќе наредната година ќе се појави во филмот X-Men Origins: Wolverine.
Сценариото ќе го пишува Џош Шварц кој веќе ја одби понудата да биде и режисер на филмот. Токму Џош Шварц е автор на ТВ сапуниците Oringe County и Gossip Girl, што ни дава отворена можност да се сомневаме, т.е. надеваме дека нема да се обиде и во X-Men да вметне дел од романтичните заплети налик на тинејџерските серии кои ги креирал.