Понеделник, 24.11.2008
Веќе вообичаено во полна будност и напната атмосфера го очекувавме најновото издание на календарот на Пирели за 2009-та година.

На премиерното претставување во Берлин, публиката можеше да види што направил маестрото за фотографија Питер Берд низ џунглите во Боцвана, додека пред него во обидот да се направи совршен спој на женската убавина и дивата африканска природа позирале 7 "авиони": Мариакарла Босконо, Малгозиа Бела, Дариа Вербови, Рендал Мур, Лара Стоун, Емануела Де Паула и Изабела Фонтана.
Покрај нив, се појавува и фамилијата на Дамбо, како би се засилила пораката која ја праќа фотографот: "само убавината може да го спаси светот".
Директорот на Пирели е воодушевен од изданието, и лично смета дека е најдоброто во историјата на Пирели календарите. Ќе веруваме кога ќе го погледнеме, спакувано во конечен формат. А дотогаш, бујрум, премиерни фотки од атмосферата во Боцвана.










