Шоубизнис

» поопширно



Фетишизам

Фетишизам е фиксација на неживи објекти или делови од телото кои не се од сексуална природа, oдносно присилна потреба за нивно користење со цел постигнување сексуално задоволство. Предметите или деловите од телото стануваат сексуални симболи, фетиши.

Фетишизмот се јавува речиси исклучиво кај мажите. Еднаш кога ќе се воспостави фетишизам станува хронична, долготрајна состојба, односно пример за однесување. Фетишизам е облик на парафилија.

Поделба на фетишот

Фетишите можат да бидат неживи и живи. Фетишите од групата неживи објекти можат да се поделат во две групи: фетиш на облик и фетиш на материјали.

Кај фетишот на облик важен е објектот и неговиот облик, како на пример кондури со високи потпетици. Иако листата на предмети кои фетишистите ги користат за сексуално задоволување е неисцрпна, меѓу најчестите фетиш-предмети се: женски гаќички, градници, танги, хулахопки, чорапи, свилени ноќници, кондури, чизми, нараквици, школска униформа, апарати за заби...

Кај фетишот на материјали битен е материјалот од кој е изработен предметот, на пример свила или кожа. Личностите на кои фетиши им се неживи предмети, често ги собираат тие предмети и тоа може да влезе во таква крајност што може да станат „крадци“ за да додадат нешто „скапоцено“ во својата колекција. Чести фетиши од оваа група се: кожа, свила, гума или крзно.

Објектите на фетиш можат да бидат и „живи“, односно делови на тело. Најчести делови од телото меѓу фетишите се: коса, стапала, нозе, задник, големи гради, мали гради. Кога косата е фетиш, обично се работи за долга коса, а често е важна одредена боја на коса. Некои мажи ги возбудуваат влакна под мишки или на нозете. Одредени фетишисти ги возбудуваат партнери со ампутирани делови од телото што би можело да се објасни како желба за контрола и чувство на сила и владеење.

Орализам е посебен облик на фетишизам. Контактот на уста и гениталии како конилингус (орален контакт со клиторисот и вагината), фелацио (орален контакт со пенисот) или анилингус (орален контакт со чмарот) е активност која вообичаено се користи во предигра. Но кога личноста ги користи овие активности како единствен извор на сексуално задоволство, па не може или не сака да има сексуален однос, постои парафилија. Ова е еден вид парцијализам.

Парцијализам е во фетишистичка смисла исклучива привлечност на одреден дел од телото, како на пример стапала. На многумина посебно им се допаѓа еден дел од телото, но не мора да значи дека се фетишисти. Фетишизам е, да се потсетиме, фиксација на објект или субјект без кој не може да се постигне (одговарачко) сексуално задоволство.

Фетишистички трансвестизам

Трансвестија, облекување облека на спротивниот пол, може да има повеќе облици, но кога облекувањето таква облека е нужно за постигнување сексуално задоволство, тогаш зборуваме за фетишизам.

Причини на фетишизмот

Причините на фетишизмот не се едноставни за објаснување. Научни теоретичари веруваат дека фетишизмот се развива во раното детство, при што предмет се поврзува со особено силно сексуално возбудување или задоволство. Други не се концентрираат на рано, туку на касно детство и адолесценција со верување поврзано со мастурбацијата. Психоаналитичката теорија на причините свртена е на концепт на обожување на пенисот и страв од кастрација. Некои проучувачи фетишистичкото однесување го објаснуваат со континуитет, тргнувајќи од поголема привлечност на некој објект или дел од тело кон силната желба или потреба за тој фетиш, со цел возбуда и оргазам се додека тој објект не стане замена за сексуален партнер. По оваа теорија, повеќето мажи имаат благи фетишистички црти - на некои најмногу им се допаѓаат градите, на некои нозете, на некои задникот, а некои повеќе сакаат жени со одредена боја на косата.

Теоријата на компензација кажува дека фетишистите се лишени од нормално сексуално задоволство, па го наоѓаат во невообичаено сексуално однесување.

Психолошкиот модел претпоставува поврзаност со однесувањето, хормонскиот и нервниот систем со особен акцент на агресивно однесување и машки полови хормони.

Карактеристики на фетишистот

Научниците откриле дека фетишистите, генерално, имаат слабо развиени општествени вештини, водат прилично изолирани животи, а со тоа имаат намалена способност за воспоставување интимност.

Како со фетишот се постигнува сексуално задоволство?

Фетишистот има потреба од било какво сетилно дожувување на предметот/делот од телото со кој е на овој начин поврзан. Фетишист често мастурбира додека го држи, мириса или го трие фетишот. Машките фетишисти често не можат да постигнат ерекција без фетиш. Жени се многу ретко фетишисти.

Објектот на фетишизам, односно фетишот, речиси секогаш се користи за време на мастурбација, па може да биде вклучен и во сексуалната активност со партнерот за да постигне сексуално возбудување.

Во некои случаи, цртежи или фотографии од фетишот можат да го возбудат фетишистот, но почесто преферира предмет кој веќе бил носен. Носениот предмет не служи како симболичен потсетник на претходната сопственичка (сопственик), бидејќи фетишистот е насочен исклучиво на предметот, а не на личноста која е со него поврзана.

Сконцентрираност на објектот, а не на личноста

Сексуалната активност на фетишистот често е деперсонализирана и насочена на објект, а не на личност, дури и ако го вклучува партнерот. Вниманието е насочено исклучиво кон фетишот. Наместо поврзување со друга личност, фетишистот постигнува сексуално задоволство со бакнување кондури, мазнење чорапи или со мастурбирање држејќи гаќички на лицето. Оваа фиксација на објекти не смее да се замени со преферирање на поедини делови од телото кај нефетишистот - дури и личностите кои не се фетишисти можат да сакаат еден дел од телото, но не се фиксирани и насочени исклучиво кон него како фетишистите.

Во некои случаи сексуалниот фетишизам е таков што личноста може да се возбуди и да постигне оргазам единствено ако користи фетиш. Во поблаги случаи, сексуално задоволство може да се постигне и без фетиш, но обично е помало. Кога фетишот не е присутен, фетишистот постигнува возбуда обично со мечтаење за него.

Дали фетишистите се опасни?

Во поголемиот број случаи фетишистите не претставуваат опасност за други личности ниту за своите партнери, а фетишот го употребуваат во приватни ситуации, обично за време на мастурбација.

Ме возбудува црна чипка - дали сум фетишист?

Како и во сите други подрачја на сексуалноста, тенка е линијата меѓу фетишизмот и сексуалните преференции. На едниот крај од вагата е фиксираниот фетишист со присилна желба, а на другиот крај се личности кои посебно ги возбудува некој дел од телото, но од нив не им зависи сексуалното задоволство.

На пример, нема да ја опишеме како фетишист личноста на која за сексуално задоволство и треба привлечен партнер. Исто така, мажот кој се возбудува со жена во црна чипкаста долна облека не го нарекуваме фетишист се додека тоа не е основен фокус на неговите возбудувања.

Лечење на фетишизмот

Фетишизмот е понекогаш толку екстремен што го намалува квалитетот на живеење и личноста бара лекарска помош. Лечењето вклучува традиционална психоанализа, хипноза и техника на бихевиорална терапија. Од неодамна се употребуваат антиандрогени, лекови кои ја намалуваат сексуалната желба и честотата на ваквото сексуално однесување. Тоа и дозволува на личноста да се сконцентрира на терапијата и советувањето. Антидепресиви, како што е флуоксетин, исто така успешно ја намалуваат сексуалната желба, но се помалку успешни за сексуалните фантазии.

Терапијата го поврзува фетишот со некое непријатно искуство и таквото верување исто така ја ублажува тежината на состојбата.

 

 

Адријана Митровиќ | Кајгана
Вторник, 13.05.2008

 

http://www.kajgana.com/statija_582.html

Дополнителни субвенции за земјоделците и сточарите
04.12.2008 | 16:15
Македонец избран за градоначалник на Бринбанк во Австралија
04.12.2008 | 16:11
Лов на Ратко Младиќ во Белград
04.12.2008 | 14:53

Врзете ги појасите, слетуваме Џесика Алба во календарот на Campari за 2009

Gravity Master Red Code Ownage Burst
Day Drive Untangle Color Infection

Прирачник за дебатирање Последна станица - нокаут Треба помош?
FIFA 09 vs PES 2009 Карате кид Ајде да летаме...

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com