
Microsoft го лансираше WorldWide Telescope, бесплатна апликација за пребарување и прегледување на вселената. Апликацијата е целосно развиена од истражувачкиот тим на Microsoft, користејќи фотографии добиени од вселенскиот телескоп Хабл и други извори.
Со оваа апликација корисниците ќе можат самите да ја разгледуваат вселената, но и да користат тури кои ги нуди самата апликација, а кои ги дизајнираа астрономи и вселенски експерти.
Исто така, WorldWide Telescope на корисниците им нуди и самите да изберат кој телескоп од понудените ќе го користат за прегледување на вселената.
Според зборовите на Бил Гејтс, оваа апликација е моќна научна алатка и средство за едукација кое не луѓето ќе им користи за запознавање и истражување на вселената.
Клик тука.
Вторник, 13.05.2008