
Иако деветтиот студиски албум сеуште не е готов, Металика планира деновиве да започне со собирање на публика за истиот. Проектот го нарекоа “Мисија Металика”, а ќе се одвива преку нивниот веб сајт, кој треба да го промовира сеуште незавршениот албум.
На официјалната страна ќе се најдат сегменти од песните од сеуште неименуваниот албум,снимки од подготовката на албумот и пораки од членовиот од бендот.
Овој бенд својата слава ја стекна преку своите албуми и настапи во 80-тите и 90-тите години, a по неколку годишна пауза (1997-2003) поради здравствени проблеми на некои од членовите, тие го издадоа моментално послениот албум “St.Anger” кој помалку и ги разочара обожавателите, бидејќи со оглед на долгата пауза тие очекуваа нешто многу подобро.
Димитар Митев | Кајгана
Среда, 14.05.2008