Врежаното мислење дека жените се тие кои во пакет со љубовта бараат и финансиска сигурност го разнишаа новите истражувања, кои покажуваат дека овој тренд е се позастапен кај машката популација.

Најновите истражувања го негираат верувањето дека жените почесто бараат партнер со длабок џек кој ќе ги издржува. Пoдатоците говорат дека дури 19% од мажите се прилично финансиски користољубиви кога станува збор за животна сопатничка. Главниот критериум според кој ја бираат својата идна сопруга е нејзината финансиска моќ, во надеж дека нејзиното богатсво ќе им овозможи удобен живот.
На еднаков начин функционираат скоро 11% од жените, што е скоро половина помалку. Имено, се поголем број жени сакаат да се финансиски независни од партнерот и не се одрекуваат од сопствените извори на приходи.
Бракот од интерес е се повеќе популарен помеѓу младите, па така, 25% од младите на возраст до 24 години стапиле во брак поради пари.
Среда, 14.05.2008