Шоубизнис

» поопширно



Дневната светлина и здравјето

Во последниве две децении, ширум светот порасна интересот за користење на дневната светлина како ресурс, пред се заради енергетската ефикасност. Произведувачите на покривните прозорци, светларници, системи за затемнување и табуларните системи за осветлување кои создаваат реални услови на дневна светлина, потврдуваат дека расте побарувачката за нивно производство.

Истовремено, медицинските и здравствените истражувања се повеќе се концентрираат на светлината и нејзиниот ефект врз човечкото здравје. Откако во 2002 година во очниот нерв е откриена нервна ганглија која го поттикнува циркадијалниот ритам, светлината станува исклучително важна за човечките ритми и циклуси на ендокриниот систем. На крајот на краиштата, разбирањето на светлината и нејзиното влијание на луѓето, почнувајќи од синтезата на витаминот Д до широкиот спектар на телесни функции на кои директно влијае светлината, одамна е прифатен став. Да резимираме, поздрави за живот се зградите кои користат повеќе од дневната светлина.

Дневната светлина најверојатно е најважната компонента на биофилатичката околина. Студиите спроведени ширум светот, како и растечкиот број на стандарди, се повеќе ја истакнуваат и поддржуваат потребата за дневна светлина и поглед. И додека причината за сево ова уште не е доволно позната, ефектот добиен при најразлични истражувања секогаш покажува исто.

Време е архитектите, инженерите и дизајнерите ширум светот да почнат да ги земаат предвид овие влијанија при дизајнирањето на градбите. Освен добриот дизајн, можеби е време да почнеме да бараме зградите кои имаат повеќе дневна светлина да станат правило, а не исклучок.

Доктор Ричард Хобдеј, од University of West of England по училиштата ја претстави врската меѓу здравјето и дневната светлина. Како што човештвото се повеќе се занимава со активности кои се врзани за затворени простории, како места каде што се работи, и како зградите се повеќе не штитат од дневната светлина, се појавуваат се повеќе и повеќе прашања врзани за лишување на работниците од дневната светлина и влијанието кое таа го има врз здравјето. Доктор Хобдеј прикажал неколку суштински примери во кои се објаснува важната улога на дневната светлина за здравјето на луѓето:

1. Помош во контролирањето на болеста. Дневната светлина на природен начин ги контролира бактериите и вирусите. Во болниците, болестите кои се стекнуваат за време на болничкото лекување, како што е зараза од стафилококи кои се отпорни на лекови, стануваат еден од главните причини за смрт. Оние одделенија во болниците кои имаат поголем дел дневна светлина имаат и помал број бактерии и здраствени проблеми предизвикани од истите.

2. Недостаток на витамин Д. Човечкото суштество добива 90% од своите потреби за витамин Д од сончевата светлина. Животот кој повеќе се концентрира на активности врзани за затворени простории помалку ги изложува луѓето на светлина, што резултира со недостаток на D витаминот, а со самото тоа и слабеење на имунолошкиот систем.

3. Клиничка депресија. Стручни лица предвидуваат дека до 2020 клиничката депресија ќе биде втора на листата болести како причина за смрт, веднаш зад кардио-васкуларните пореметувања. Кога испитувањата во оваа насока ќе се вршат во контролирани услови, на пример во болници, се доаѓа до заклучок дека пациентите кои се повеќе изложени на дневна светлина побрзо оздравуваат.

4. Сезонско афективно пореметување. Сезонската депресија, пореметување кое се појавува после патување меѓу дестинации со големи временски разлики и други пореметувања на циркадијалниот ритам, сега можат поефективно да се лечат благодарејќи на откритието на специјалните фоторецептори во окото од 2002. Испитувањата во врска со лечењето на болката и други состојби каде светлината може да помогне, моментално се во тек.

Архитектите и инженерите мораат да ја пренасочат својата креативна работа кон подобра и посилна дневна светлина. Но, исто така, за целосно да просперира, општеството мора да ги истакнува и здравите животни навики. Бидејќи циркадијалниот ритам ден и ноќ, светлина и темнина, активност и сон е од суштинска важност за живите суштества, а условите на модерните згради не треба да го нарушуваат природниот ритам и рамнотежа.

Интересот во светот, кога станува збор за дневната светлина, наеднаш порасна во последниве две децении заради заштеда на енергија. Меѓутоа, во последните пет години, се сфати важноста која ја има дневната светлина и за луѓето, вклучувајќи го и колку голема улога има во обновувањето на витаминот Д во човечкото тело.

 

 

Адријана Митровиќ | Kaјгана
Среда, 14.05.2008

http://www.kajgana.com/statija_602.html

Милениумскиот крст од денес со лифт за панорамско разгледување
08.09.2008 | 12:06
Русија утре ќе воспостави дипломатски односи со Абхазија и Јужна Осетија
08.09.2008 | 11:47
Шестмина загинати во турско-курдска престрелка
08.09.2008 | 11:37

Црно-бело Хоророт наречен Вајнхаус

Имате 10 секунди? Cab Driver Maya Ball
Baloons MIRC Crazy Ball

Seabreacher  - нова играчка за богати Базен во Токио Среќен скејтер
Големиот удар Грекос Попиздитис Кој е за коктел?

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com