На почетокот на врската се грижливи и внимателни, но опсесивно-посесивните луѓе брзо почнуваат да ги гушат партнерите со своите љубоморни испади.

Партнерот кој е опсесивно посесивен настојува да го контролира секој дел од вашиот живот, секое движење, секој контакт со други луѓе и слично. Понекогаш, симптомите на посесивноста се забележуваат уште на почетокот на љубовната врска, а некогаш стануваат видливи дури кога ќе пројде заљубеноста. Од ваков партнер е тешко да се ослободите - тие постојано се трудат да ја превземат контролата над вашиот живот.
Знаци за тревога
Ви телефонира и ви остава купче пораки дури и кога знае дека не сте дома. Ви доаѓа на работа без најава, иако сте се договориле претходно да не доаѓа на вашето работно место. Постојано ги испрашува вашите роднини и пријатели за вас. Може да бид еприлично агресивен и непријатен доколку му се причини дека нешто криете и во состојба е да ве испрашува со часови.
Заштитете се
Опсесијата со други луѓе е знак на ментална болест и пореметување. Доколку ви се чини дека вашиот партнер е ваков, обидете се да се извлечете од врската. Одлучно и јасно ставете му до знаење дека е готово и прекинете ги сите контакти со него, бидејќи доколку продолжите да се "дружите", никогаш нема да се ослободите од него.
Среда, 14.05.2008