
Минатиот квартал испадна баксузен за Sony - компанијата забележа оперативен минус од 45 милиони долари. Среќа во несреќа - загубите се помали од истиот квартал минатата година, кога беа предизвикани од трошоците за производство на најновиот Playstation.
Што се однесува со PlayStation 3, по намалувањето на трошоците за производство и дополнителното намалување на цената, се зголеми и продажбата, па сега на пазарот рамномерно се натпреварува со Nintendo Wii и Xbox на Мicrosoft.
На загубите на Sony влијае и силниот јен поради кој се намалени приходите од другите земји, бидејќи губат на вредност кога ќе се претворат во јапонската валута.
Среда, 14.05.2008