
Официјализиран долго најавуваниот камбек на легендарниот бенд “Queen”. Картите за концертите од најавената камбек турнеја на “Queen” беа продадени само неколку часа по нивното пуштање во продажба.
Bендот договорил уште четири концерти за во oктомври и ноември низ Британија, а на концертите ќе настапува заедно со вокалот Пол Роџерс, кој е замена за починатата легенда, фронтменот на “Queen” Фреди Меркјури.
За време на турнејата ќе биде промовиран новиот албум на бендот, кој претставува прв албум во соработка со вокалот Пол Роџерс и прв студиски албум на “Queen” по повеќе од 13 години.
Турнејата се планира да започне на 15-ти септември во Русија, а да заврши во ноември во Британија.
Димитар Митев | Kaјгана
Четврток, 15.05.2008