Шоубизнис

» поопширно



NASA се билда

NASA потпиша договор со SGI и Intel за надградба на нејзиниот суперкомпјутер во истражувачкиот центар во Калифорнија. Проектот наречен „Plеiades“, до 2009 година треба да резултира со суперкомпјутер кој би надминал брзина од 1 петафлоп (1 пета флоп = 1000 терафлопи) односно 1 квадрилион пресметки во секунда. Се планира оваа брзина да порасне на 10 петафлопи до 2012 година.

Во моментот, суперкомпјутерот на NASA наречен Columbia, работи со брзина од 51.9 терафлопи. Columbia е изграден од над 10.000 Intel Itanium процесори од страна на SGI. Новиот суперкомпјутер би бил 16 пати побрз базиран или на Itanium или на x86 архитектурата.

Најбрзиот суперкомпјутер кој сега го држи врвот на светот е BlueGene\L на IBM со брзина од 478.2 терафлопи.

Ова дефинитивно значи влез на Intel во сферата на суперкомпјутерите каде што досега врвот го држат специјализирани компании за оваа намена како IBM, Cray, Sun Microsystems, SGI и др.

Главниот адут на Intel во оваа борба е новата „QuickPath“ технологија која би овозможила брза интерпроцесорска комуникација со многу мала латенција која би поврзувала илјадници процесори (Itanium или x86).

 

 

Панче Чавковски | Кајгана
Четврток, 15.05.2008

 

http://www.kajgana.com/statija_658.html

Милениумскиот крст од денес со лифт за панорамско разгледување
08.09.2008 | 12:06
Русија утре ќе воспостави дипломатски односи со Абхазија и Јужна Осетија
08.09.2008 | 11:47
Шестмина загинати во турско-курдска престрелка
08.09.2008 | 11:37

Црно-бело Хоророт наречен Вајнхаус

Имате 10 секунди? Cab Driver Maya Ball
Baloons MIRC Crazy Ball

Seabreacher  - нова играчка за богати Базен во Токио Среќен скејтер
Големиот удар Грекос Попиздитис Кој е за коктел?

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com