Шоубизнис

» поопширно



Сифилис

Причина за оваа болест е микроорганизам од фамилијата спирохета (bleda treponema). Овој назив го добила затоа што обичните пигменти-индикатори за бактерии практично не можат да го обојат нејзиното тенко спирално тело. Оваа спирохета „удобно“ се чувствува само во организмот на домаќинот, додека надвор од него брзо умира не можејќи да го издржи сушeњето и температурните промени. Според тоа, до сифилис во пракса доаѓа само за време на непосреден (по правило - полов) контакт со заболена личност.

За време од три до четири недели, на местото каде што се „вгнездил“, се образува примарен безболен црвен чир со тврди краеви. По извесно време, овој чир исчезнува, но тоа не значи дека и болеста прекинала: напротив, токму во тоа време bleda treponema активно се размножува и се преместува по организмот, користејќи ги лимфните садови како „река“ за ширење. Болниот понекогаш може да почувствува немоќ, исцрпеност, главоболка. Можат да се забележат и отоци на лимфните жлезди.

Во следниот, вториот стадиум, болниот забележува осип на кожата и слузокожата, па и на дланките и стапалата. Доколку се понадева на волшебно оздравување и не се обрати кај доктор за итно преземање на постапка за лечење (доколку лечењето се преземе доволно рано и енергично, сифилисот е целосно излечлив), спирохетата може да се скрие и на неколку години, повремено давајќи знаци од себе: како што ќе се појават осипите така и ќе исчезнат, а заразената личност во меѓувреме се чувствува целосно здрава. Колку повеќе време поминува, мирните периоди без било какви симптоми стануваат се подолги. Кај човекот кој не е запознаен со особините на сифилисот може дури да се појави наивно чувство или убедување дека оздравува, бидејќи се чувствува потполно нормално. Но, таа среќа може да е само привидна: предизвикувачот на болеста веќе се вгнездил во органите и ткивата и секој момент може да ги погоди дури и највиталните органи како нервниот систем или бубрези. Сепак, во овој период уште е можно да се преземе лечење.

Доколку болниот не се лечи или лечењето се спроведува несистематски од една до друга манифестација на болеста, болеста се одолговлекува, а по три-четири години телото го прекриваат красти кои зафаќаат и длабоки слоеви на кожата. Доаѓа до постепено разорување на внатрешните органи, коски и нервниот систем. Најчесто страдаат срцето и крвните садови, посебно аортата. Нејзиниот ѕид станува воспален, а на него доаѓа до натрупување на калциум. Болната личност во овој стадиум чувствува болка во градите и има проблеми со дишењето. Доколку со лечењето се почне во овој стадиум можно е да се запре патолошкиот процес, но веќе не може да се воспостави нормална работа на органите погодени од инфекцијата.

Со сифилис, за жал, може да се зарази и дете, односно новороденче. Bleda treponema продира и го заразува плодот. Тоа најчесто доведува до спонтан абортус во доцна фаза од бременост, обично меѓу шестиот-седмиот месец. Некогаш се случува да се роди мртвороденче, но можно е и доаѓање на свет на живо дете со вроден сифилис. Може во целост да се спаси, но за тоа е потребно грижливо и подробно испитување и лечење во специјален стационар.

Како да се избегне средбата со толку непријатна инфекција? Против ова заболување нема ни вакцина. Затоа, во прв план е хигиената и, пред се, здрав разум и избегнување на ризично однесување, како и користење заштита при сексуалниот однос.

Доколку веќе ви се случила оваа несреќа најважно е правилно да изберете лекар, здравствена установа и постапка за лечење.

Лекување од сифилис

Борбата со било која болест почнува со утврдување на дијагнозата. Во случај на сифилис, тоа не е едноставно да се направи: неговите симптоми можат да бидат различни, а развојот на болеста често не е сосема тривијален и препознатлив. Сериозноста на ова заболување бара, секако, задолжителни лабораториски испитувања пред поставувањето на конечната дијагноза. Најдобар начин е да се изолира трепонемата, па да се утврди нејзиното присуство на непосреден начин, но ова е можно само ако на површината на телото постојат делови зафатени со „ерозија“, т.е. чиреви или осип. Сите останати методи за дијагнозирање на оваа болест се темелат на испитувањата на крвта. Поради заразувањето, во крвта се појавуваат посебни антитела - белковини кои ги произведува организмот за борба со причинителот.

Овие антитела можат да се идентификуваат со т.н. Васерманова реакција. Крвта за овој тест се зема од вена. Резултатите од тестот се доста успешни, освен доколку личноста не е заразена од неодамна, па количината на антитела потребна за веродостоен резултат уште не се образувала. Веродостоен резултат може да се добие дури две недели по појавата на тврдиот чир.

Побрз одговор дава системот на експресна дијагностика, кој се потпира на чувствителната реакција на микропреципитација. Наистина, овој систем не реагира само на bleda treponema туку и на други слични микроорганизми. Сепак, тоа не ја намалува значајната точност на овој тест кој, заедно со сомнителните симптоми кои би укажале на сифилис, овозможува со лечењето да се почне веќе во најраните стадиуми, кога шансите за целосно лечење се максимални.

Уште почувствителен е тестот во кој се употребуваат имунофлуоресцентни пигменти кои се во состојба да идентификуваат дури и поединечни антитела. Меѓутоа, реагенсите и опремата потребни за овој тест се толку скапи, што обично се применуваат само во исклучителни случаи.

Во доцните стадиуми на заболувањето заштитните сили на организмот се исцрпени од долготрајната борба и така Васермановата реакција може да даде негативен резултат.

Треба да се има предвид дека користењето презерватив го намалува ризикот од ваква зараза, но не штити во целост.

За разлика од многу други инфективни болести, сифилисот не создава траен имунитет, па можно е да се зарази од него повторно.

За време на бременоста треба да се посети гинеколог уште во раната фаза. Две задолжителни анализи на крв на Васерманова реакција (во првата и во втората половина од бременоста) даваат максимално точна информација за здравјето на детето.

Колку порано се постави дијагноза и се започне лечењето, толку тоа ќе биде поделотворно и ќе биде потребно помалку време за него.

И на крај, на сите кои се лечат од сифилис потребен им е постојан диспанзерски надзор.

 

 

Адријана Митровиќ | Кајгана
Четврток, 15.05.2008

http://www.kajgana.com/statija_659.html

Милениумскиот крст од денес со лифт за панорамско разгледување
08.09.2008 | 12:06
Русија утре ќе воспостави дипломатски односи со Абхазија и Јужна Осетија
08.09.2008 | 11:47
Шестмина загинати во турско-курдска престрелка
08.09.2008 | 11:37

Црно-бело Хоророт наречен Вајнхаус

Имате 10 секунди? Cab Driver Maya Ball
Baloons MIRC Crazy Ball

Seabreacher  - нова играчка за богати Базен во Токио Среќен скејтер
Големиот удар Грекос Попиздитис Кој е за коктел?

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com