Eден Египќанец вчера е осуден на 1.000 години затвор поради финансиска измама на неколку стотици луѓе во вредност од 52 милиони долари.
Судот во Гиза го осуди 42 годишниот Абдула Камел Мохамед поради тоа што измамил 480 луѓе во период од неколку години. На жртвите им ветувал дека нивните пари ќе ги вложи и ќе им даде заработка, но откако ќе ги земел парите повеќе не можеле да го најдат.
Измамникот е уапсен во ноември во Каиро, кога една од жртвите го препознала и ја повикала полицијата.
Петок, 16.05.2008