Шоубизнис

» поопширно



Неправилно известување од изборната кампања

Скопје, 16.05.2008 Макфакс) - Емитување на платени огласи на органите на власта, прикажување малолетници во рекламни спотови и надминување на пропишаниот лимит за платена политичка програма.

Ова се најголемиот дел од констатираните прекршувања на правилата за известување од изборната кампања, за кои Советот за радиодифузија, на денешната седница, изрече мерки на неколку национални, регионални и локални телевизии.

Најмногу прекршувања на одредбата со која на медиумите им се забранува да емитуваат платени огласи и реклами со кои се промовираат резултатите и активностите на органите на власта и на други државни и јавни институции, се констатирани кај Програмата на албански јазик на Македонската телевизија.
.
Истото прекршување е констатирано и од страна на Првата програма на МТВ, како и кај комерцијалните телевизии Телма, Скај Нет и МТМ, за што им е упатено укажување.

Програмата на албански јазик на Јавниот радиодифузен сервис доби укажување и затоа што нејзин новинар активно работи и на вести и во кампањата на организатор на изборна кампања, односно на политичка партија.

Кај дел од медиумите констатирано е појавување на деца во рекламните спотови, иако законски е забрането учеството на малолетници во политичко рекламирање

Неколку медиуми ја прекршиле и одредбата во врска со лимитите за платено политичко рекламирање, се вели во соопштението на Советот за радиодифузија.

На Канал 5, Телма и на ТВ Арт од Тетово им се изречени опомени поради прекршување на законскиот лимит од 12 минути за емитување платено политичко рекламирање на еден час. А1, Канал 5, Телма и Сител ја прекршија одредбата со која на еден учесник може да му се додели најмногу 8, од вкупните 12 минути.

http://www.kajgana.com/statija_698.html

Милениумскиот крст од денес со лифт за панорамско разгледување
08.09.2008 | 12:06
Русија утре ќе воспостави дипломатски односи со Абхазија и Јужна Осетија
08.09.2008 | 11:47
Шестмина загинати во турско-курдска престрелка
08.09.2008 | 11:37

Црно-бело Хоророт наречен Вајнхаус

Имате 10 секунди? Cab Driver Maya Ball
Baloons MIRC Crazy Ball

Seabreacher  - нова играчка за богати Базен во Токио Среќен скејтер
Големиот удар Грекос Попиздитис Кој е за коктел?

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com