
Италијанските даночни служби започнаа истрага против двајцата модни дизајнери, кои се сомничат за даночна измама.
Даночните инспектори во Милано се сомневаат дека Доменико Долче и Стефано Габана основале две фиктивни фирми во Луксембург со цел да затајат остварени приходи во висина од 260 милиони евра и да платат помалку данок во Италија во периодот од 2004. до 2006. година.
Според италијанското министерство за финансии, двајцата дизајнери кои се вбројуваат во едни од најбогатите луѓе во Италија, во 2005 година имале остварени приходи во висина од 29 милиони евра по човек, за што се должни над 12 милиони евра данок.
Сабота, 17.05.2008