
Кротките девојки кои ретко го изразуваат својот став и не им се спротиставуваат на партнерите се помалку се пожелни за врска. Мажите се повеќе во своите партнерки не бараат само рамноправни партнерки, туку и девојки кои знаат што сакаат, имаат свој живот, работа, амбиции и цврсти ставови.
Еве неколку причини зошто современата и самостојна "амазонка" е поатрактивна и попожелна од девојката која чека да ја спаси принцот на белиот коњ.
Maжите сакаат да се натпреваруваат. Горди се кога токму тие имаат убав автомобил, најнов мобилен или квалитетен парфем. Овие нешта им се уште подраги доколку за нив се помачиле. Исто е и со жените, мажите сакаат жени за кои мораат да се потрудат за да ги освојат. Сакаат кога нивната партнерка е посебна, поинаква и интригантна. Жените кои лесно се совојуваат брзо им здосадуваат.
Девојките кои на мажите отворено им говорат дека може да ги напуштат доколку нешто не им одговара и ги предупредуваат дека нема да ги трпат нивните испади, а нормално - ова и сериозно го мислат, многу брзо се здобиваат со почит од своите партнери. Жените кои целосно им се покоруваат и кои ги трпат сите нивни глупости не им се интересни.
Девојките кои мажите ги држат на мала дистанца и се таинствени, не дозволувајќи им веднаш се да дознаат за нив се исто така поинтересни и повеќе ги возбудуваат мажите, на кои им е интересно кога немаат целосна контрола и кога мораат малку да се помачат.
Самоуверените и самостојни жени не го спомнуваат лесно поимот брак, а и не прифажаат лесно понуди кои ќе ги одведат пред олтарот. Ова им одговара на мажите, бидејќи најчестои мажите се оние кои сакаат да го одложат бракот што е можно повеќе. Затоа, за нив е предизвик жена која тие ќе ја наговараат на брак.
Вторник, 20.05.2008