Шоубизнис

» поопширно



Закривена плазма со ширина од три метри

Јапонската компанија Shinoda Plasma Corp. претстави нешто што досега не му успеало на никого да го направи - закривен екран со дијагонала од 125 инчи, со дебелина до 1 милиметар.

Екранот е широк 3, а висок 1 метар и ја користи напредната PTA (plasma tube array) технологија на компанијата. Имамаксимална резолуција од 960х360 пиксели, а за работа му се доволни 600W.

Закривеноста на екранот му овозможува широк агол на гледање, а острината е еднаква и на самите рабови.

Минатата година, истата компанија претстави 86 инчен модел. Претседателот на компанијата Цутае Шинода е уверен во својот производ и напоменува дека корисниците веќе се нестрпливи во своите домови да имаат прототип од овој телевизор, бидејќи сликата е совршена.

За време на развојот на прототипот унапредена е и светлината на екранот. Од Shinoda потенцираат дека моментално се искористени само 60-70% од PTA технологијата.

Идната соработка на компанијата Shinoda ќе се одвива во соработка со компанијата Hibino, која е задолжена за видео процесорот на новиот телевизор.

 

 

Среда, 21.05.2008

http://www.kajgana.com/statija_811.html

Дополнителни субвенции за земјоделците и сточарите
04.12.2008 | 16:15
Македонец избран за градоначалник на Бринбанк во Австралија
04.12.2008 | 16:11
Лов на Ратко Младиќ во Белград
04.12.2008 | 14:53

Врзете ги појасите, слетуваме Џесика Алба во календарот на Campari за 2009

Gravity Master Red Code Ownage Burst
Day Drive Untangle Color Infection

Прирачник за дебатирање Последна станица - нокаут Треба помош?
FIFA 09 vs PES 2009 Карате кид Ајде да летаме...

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com