Мал вовед во новата игра која ги собори сите рекорди. По само една недела од објавувањето, играта успеа да направи профит од 500 милиони долари.
Возилата и нивните кражби отсекогаш биле во центарот на забавата. Единствено што недостасуваше во GTA 3 беше оригиналноста на возилата, која подоцна беше исправена во Grand Turismo и Project Gotham Racing. Но, задоволство е да објавиме дека возилата во новата GTA 4 се голем дел од играта, нивните возни карактеристики се блиску со реалните и штетите при удари се повеќе видливи, со што уживањето е поголемо, а возењето е позабавно. Можете да возите брзо колку што сакате, да се удирате, да не внимавате на пешаците...
Еве дел од возилата кои можат да се видат:
Huntley Sport
Huntley беше 4х4 во постарата верзија на GTA и одлично е што остана и во оваа верзија. Многу наликува на Range Rover Sport, но тоа е само случајност. Со големите тркала е одлично возило за навигација и движење низ Liberty City. Најдобрата опција е пукање од MP5 пиштол однапред за плашење на непријателите.

PMP 600
Името на возилото е доста интересно, иако тоа е базирано на Chrusler 300C. Со неговите мали странични прозорци и големите тркала е многу интересно за управување. Перформансите се исти како во претходната верзија, а намената му е за возење во ноќни часови, средби со криминалните структури и договарање зделки.

Полициско возило
Полициските возила во претходните изданија на играта некако беа потценети и третирани како досадни. Но, во новото издание тие се брзи и можат да издржат големи оштетувања пред да откажат или експлодираат. Најкористеното полициско возило во САД е Ford Crown Victoria според кое е изработен и моделот во играта.

Такси
Уште едно потценето возило во претходите изданија. Има слични карактеристики како полициското, со таа разлика што е помалку забележливо и лесно се вклопува во градскиот метеж. Има одлично управување и задоволувачка брзина. Многу се корисни за повторување на мисијата набрзина и лесно излегување од градот.

Oracle
Возило инспирирано и базирано на BMW 7 серијата. Се наоѓа најчесто во луксузни салони и треба да се украде, но ризикот се исплати. Има голема брзина и е доста практично при ограбување на банки.

FIB Buffalo
Одговор на Liberty City на реалниот FBI. Изданието Vice City имаше опција да ги измамите FIB, но во оваа игра тоа е оневозможено. Возилото има многу агресивен изглед, особено со сино-црвените светла кои се сокриени под маската и се доста дискретни. Базирано е на Dodge Charger и е доста брзо.

Comet & Super Comet
Едно од најбрзите возила во минатите изданија си го задржа својот тренд. Базиран на Porsche 911 од ерата на 80-тите. Но, за поголема забава ке мора да се потрудите да го добиете на поклон Super моделот кој е многу побрз и изгледа подобро. Движејки се од Bohan до Algonium островот, на страната на Bohan треба да се развие голема брзина и возилото ке полета, над метежот кој чека на семафор. Ако ја промашите проценката ќе слетате со сериозна несреќа.

Cavalcade
И оние кои не се фанови на 4х4 во реалниот живот ке ги засакаат во GTA 4, особено ако сте љубители за правење мешаници. Можете да удирате возила, или да возите обратно по авто-пат. Инспириран од Cadillac Escalade, неговата најдобра намена е развиете доволна брзина и со минимално оштетување ке ги поминете сите полициски блокади на патот.

Sabre GT
Ниту едно издание на GTA не го заборава овај модел. Уникатниот стар muscle стил останува и во ова издание. Копија на Buick Gran Sport GSX од 1970 има доста реални карактеристики со оригиналот. Одлично држење на патот и голема крајна брзина. Атрактивно пролизгување на задниот дел, особено ако се подигне рачната сопирачка.

Спортски трки
Најновиот додаток во играта е одржувањето на трки на улиците на Liberty City кога по нив има сообраќај. Многу од возилата од минатите изданија се повторно воведени како Banshee и Infernus кои се слични со Lamborgini Gallardo. Новина се: Super GT возилото кое е слично со Aston Martin DB9, Corquete или реално Corvette и Sentinel кое е BMW M3, Turismo што наликува на Ferrari 355 и еден куп други.

Никола Наумовски | Кајгана
Четврток, 22.05.2008