Шоубизнис

» поопширно



Куќа на далечинско

Наутро на брзање ги гасите светлата, ги храните милениците, ја заклучувате влезната врата... Наскоро, сето ова ќе можете да го правите од вашиот автомобил. Новиот уред на Panasonic му овозможува на возачот од својот автомобил да изврши низа работи во домаќинството.

Уредот "Strada F class" кој Panasonic ќе го претстави наредниот месец во Јапонија воспоставува безжична врска помеѓу апаратите во домаќинството и автомобилот. Овој футуристички уред, освен што му озвозможува на возачот да изврши низа команди во домот, може да му даде и поглед на внатрешноста на куќата, или да види што моментално прават домашните миленици или членовите на семејството.

За да се постигне ова, возачот треба само да допре едно од икончињата на рамниот екран од 18 cm и со тоа да активира една од претходно програмираните команди во својот дом. Уредот ќе чини околу 2.000 евра.

 

 

Понеделник, 26.05.2008

http://www.kajgana.com/statija_883.html

Дубаи Олга Куриленко за Maxim

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Види финта... Моќта на Посејдон Отидов да копирам
Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција У Квантички :)
© 2005-2008 Kajgana.com