Гратчето Шибам кое се наоѓа во Јемен и има популација од 7.000 жители, се смета дека ги има најстарите висококатници на светот.

Гратчето постои 2.000 години, а повеќето од градбите датираат од 16. век. За нивна изградба се користени блокови од глина и кал, а техниката на градење била имплементирана за да ги заштити жителите од нападите на Бедуините (високо си е високо).
Шибам често пати е нарекуван "Менхетн на пустината".


