Извршниот директор на Мicrosoft Стив Балмер на "D: All Things Digital" конференцијата најави дека Windows 7 меѓу другите новитети ќе има и поддршка за тач скрин апликации, што би требало да биде алтернатива за управувањето со глувче.

Опцијата наменета за екраните на допир е само еден мал дел од новите можности кои би требало да ги донесе новиот Windows, а на конференцијата беше демонстрирана и презентација како сето тоа ќе се одвива, преку интерактивна навигација врз мапа на Сан Диего.
Бил Гејтс смета дека ова е еволуција која корисниците ќе ги ослободи од употребата на компјутерското глувче и тастатурата како клучни алатки за интеракција со компјутерот во иднината.
Иако ваквиот начин на навигација низ оперативниот систем се чини интересна, прашање е колку во пракса целосно би можела да се исфрли употребата на компјутерското глувче. Се чини дека сепак е потребно малку повеќе време.
Новата верзија би требало да се појави на пазарот кон крајот на 2009 година.
Среда, 28.05.2008