Студент го дизајнираше електричниот Opel Rocks E-Xtreme

Opel Rocks-e се појави во август 2021 година како верзија со германска ознака на Ami на Citroën, што всушност е мало градско електрично возило. Неполна година подоцна, Opel претстави карго верзија на истиот модел, а сега Rocks-e доби уште еден член. Сепак, овој пат не е стандардно сериско возило.

Станува збор за уникатен прототип кој нема да влезе во производство, а овој „див“ концепт е идеја на студентот Лукас Венцхофер, кој е победник на натпреварот наречен #OpelDesignHack. Германската компанија вети дека ќе произведе победнички концепт и на крајот го исполни ветувањето, така што радикалниот електричен кабриолет стана реалност.

Венцхофер замислил Rocks-е да биде возило за сите терени со WOW фактор. Во споредба со стандардниот квадрицикл, концептот се одликува со пошироки лакови на тркалата, тубуларна рамка околу кабината и гуми со висок стисок. Суспензијата е изменета за да се приспособат нови тркала, а возилото е подигнато повисоко од земјата. Веројатно најинтересниот детаљ е задното крило, кое е изведено од моделот Vectra GTS V8, тркачки автомобил DTM со 4,0-литарски V8 мотор.

Но, тоа не е сѐ. Предната табла сега има нова интерпретација на Opel Visor со различни LED светла и логото на Opel во тиркизна боја. Целиот преден панел и браниците се произведени со помош на 3D печатач. На рамката на покривот се монтирани и LED светла, а назад се нови задни LED светла.

„Оф-роуд можностите промовираат чувство на слобода за да се стигне до која било дестинација. Повеќе спортивност ветува поголема забава при возењето и покажува дека електромобилноста е повеќе од разумно решение“, рече Венцхофер.

Нема детали за механичките подобрувања, па батеријата од 6,6 kWh обезбедува автономија од 75 километри со едно полнење и го напојува електромоторот со 8 КС.

Stellantis, компанијата која е сопственик на Opel, го продава истиот производ со логоа на Citroën и Fiat.

реклама

Концепти

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Read more

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more
 

Автомобили

Двојно поголеми се шансите пешак да го удри електричен отколку автомобил со SUS мотор

Читај повеќе

Lamborghini го повлекува Urus: Хаубата може да се откачи при големи брзини

Читај повеќе

Volvo има нов адут: Робо-камион

Читај повеќе

Продажба на автомобили во ЕУ: Дизел и електричните автомобили се речиси изедначени

Читај повеќе

Кинезите не попуштаат: Има ли надеж за поевтини европски електрични автомобили?

Читај повеќе

САД и Кина во трговска војна, Европа губи

Читај повеќе

Самоуправувачките автомобили на британските патишта од 2026 година

Читај повеќе

Која е функцијата на малите капаци кај новите автомобили?

Читај повеќе

Кои грешки најчесто ги правиме при складирање на зимските гуми?

Читај повеќе