Tesla повлекува речиси 2,2 милиони автомобили, причината е бизарна

Tesla повлекува вкупно 2.193.869 свои електрични автомобили, вклучувајќи го и новиот пикап Cybertruck, поради големината на фонтот на контролната табла.

Американската национална администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) наведува дека предупредувачките светла се помали од оние пропишани со Федералниот стандард за безбедност на моторни возила (FMVSS). Според документот, ова може да ја ограничи способноста на возачот да ги види, што на крајот може да резултира со несреќа.

Повлекувањето ги опфаќа Model S (2012 - 2023), Model X (2016 - 2014), Model 3 (2017 - 2023), Model X (2019 - 2024) и Cybertruck (2024).

Ова ќе биде прво повлекување на Cybertruck нарачано од владина агенција откако пикапот почна да се испорачува во ноември 2023 година. Исто така, во средината на декември и официјално беше забележана првата несреќа во која учествуваше овој електричен пикап.

Проблемот беше откриен на 8 јануари на моделот Y од 2023 година, беше покрената истрага, а по истрагата, компанијата иницираше отповикување. Нема пријавени сообраќајни несреќи или повредени поради овој проблем.

Интересно, Tesla веќе го решава проблемот преку over-the-air (OTA) систем со ажурирање на софтверот 2023.44.30.13. Ова е зголемување на големината на фонтот за да се исполнат прописите и нема да има компензација за клиентите. Сепак, надградбата е потполно бесплатна.

Минатиот месец, Tesla спроведе слична програма за речиси 200.000 електрични автомобили поради проблеми со задната камера.

Тагови
реклама

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Фан ја тужи Мадона поради премногу експлицитен настап: Изложеност на порнографија без предупредување

Read more

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Read more

Авто новости

Нова ера за Porsche: 911 стана хибрид

Read more

Во Германија почна да се точи нов вид гориво

Read more

Кои половни автомобили имаат најмала мината километража?

Read more

Продажбата на Tesla во Европа најниска во последните 15 месеци

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Нова ера за Porsche: 911 стана хибрид

Читај повеќе

Во Германија почна да се точи нов вид гориво

Читај повеќе

Кои половни автомобили имаат најмала мината километража?

Читај повеќе

Продажбата на Tesla во Европа најниска во последните 15 месеци

Читај повеќе
  • filter

Што нуди новата BMW Серија 3?

Читај повеќе

Најголемиот производител на автомобили во светот претстави нов мотор

Читај повеќе

Volkswagen ќе прави евтини е-автомобили од 20.000 евра

Читај повеќе

Alfa Romeo никогаш повеќе нема да биде иста

Читај повеќе

Ништо повеќе нема да биде исто: „Кинезите“ влегоа во Топ 10

Читај повеќе