ФЕСТИВАЛ на сВЕжа, д0маШна и НеЗавиСнА мУзика

В сабота по 12-ти пат Земјотрес во МКЦ

Традиционалниот музички фестивал „Земјотрес“ годинава ќе го тресе Скопје на 3 февруари во Младинскиот културен центар, а ќе настапат плејада изведувачи.

„Се тресеме. Сите заедно. Се тресеме од студ, се тресеме од неизвесност… се тресеме од извесност. Се тресеме од туѓите избори, од памет нѐ вадат нашите избори. Се тресеме 12 години со НАШИОТ ЗЕМЈОТРЕС, сѐ тресеме елегантно, ма прекрасно се тресеме. Скопје е трусно подрачје, совршена сцена за урбана зомби апокалипса во континуитет. Па се тресеме во континуитет. Се тресеме во ритамот на музиката, кожи наежени, младост подготвена да експлодира низ конзервата на е*еното примитивно општество. Се тресеме од општеството, а би сакале ние да го треснеме посред глупата му фаца.
Земјотресно Скопје. Дојдете да се тресеме заедно по 12-ти пат во МКЦ, а и МКЦ се тресе. Ладно му е. Додете да го гушнеме. Дојдете да се видиме, гушнеме“, вели организаторот на најголемиот фестивал на свежа, домашна и независна музика.

Првите карти по цена од само 300 денари брзо се продадоа, но во продажба на билетарницата на МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk сѐ уште има од оние од по 400 денари. На денот на настанот картите ќе бидат по цена од 500 денари. Картите се во ограничен број.

На „Земјотрес“ 2024 ќе настапат:

✴ Adi Imeri Trio
✴ Andreja Salpe
✴ ATA
✴ DamageControl
✴ Dobrila & Dorian Duo
✴ Donplaya
✴ Gargara
✴ ISKRA
✴ Кенопсија
✴ Културно Уметнички Работници
✴ Lincoln Letter
✴ Luke Levin
✴ MC Kain
✴ Meggy
✴ Mirko Popov
✴ Noviot Pochetok
✴ OVC Kolektiv
✴ Tengri
✴ The Ooz
✴ Trendkill
✴ Visionary

Саатницата ќе биде објавена ден-два пред настанот на Facebook страницата на „Земјотрес“ и на онаа на самиот настан.

Тагови
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

МК сцена

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more
 

Сцена

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе