Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Иако сите веднаш помислуваат на Италија, во рамките на Апенинскиот Полуостров моментално всушност има 4 независни држави: Италија, Ватикан, Монако и Сан Марино. Последнава, меѓу другото, е најстарата Република во светот и може да се пофали со најдолгиот демократски период во целиот свет. Нејзиното раѓање датира од 301 година од навата ера и е особеност што им е драга на жителите на оваа мала држава во подножјето на планината Титано.

Меѓутоа, прашањето што често се поставува е зошто, за време на процесот на обединување на Италија, оваа мала република сместена помеѓу сегашните региони Емилија-Ромања и Марке исто така не била инкорпорирана? Со реставрацијата (1815), по циклонот Наполеон, на територијата на Италија се наоѓале дури 12 независни држави. Меѓу сите овие мали држави, единствената република билоа Сан Марино. Сите други држави биле апсолутни монархии или кнежевства и само во следните децении на почетокот на XIX век, по разните востанички движења, овие апсолутистички режими малку омекнале.

Што ѝ дозволило на малата република да остане независна за време на периодот на она што меѓу Италијанците е познато како Ризорџименто, односно Обединувањето на Италија? Да се ​​потсетиме дека од 1860 до 1870 година од тие 12 држави останале само 4, а Кралството Италија вклучило 8 од нив. Позниот Поход на Илјадите предводен од Џузепе Гарибалди ставил крај на владеењето на Бурбоните на југ, како и плебисцитите во Централна Италија и спуштањето на Пиемонтезите кон Папската Држава што довело до раѓањето на Кралството Италија во 1861 година.

Пред ова обединување, низ Италија биле забележани обиди за револуција кои воделе кон повеќе права и унитарна земја, а поддржувачите често биле егзекутирани и прогонувани. Духот што ги водеше различните Мацини и Гарибалди бил духот на обединета, но пред сѐ републиканска Италија.

Како што рековме, имало многу обиди за републикански востанија пред 1861 година. Една била Република Рим од 1849 година предводена, меѓу другите, од Гарибалди и Мацини. Експеримент задушен во крв од страна на армијата на Папската Држава со поддршка на Австрија и Франција кои ја уништиле новородената капитолинска република. Така, Гарибалди бил принуден да побегне во Венеција, која исто така доживувала бунтовничка република. Е, тука во играта влегува Сан Марино.

Во август 1849 година, Гарибалди, сега опкружен со странски војски, бил подготвен да капитулира. Сепак, му останала уште една последна карта да изигра за да си ја спаси кожата. Транзитирање во странска земја со армија бунтовници. Всушност, по среќа, бунтовниците се нашле токму во близина на малата држава Сан Марино. Сепак, поддршката не била дадена со оглед на меѓународните тензии и затоа што Австрија му се заканувала на секој што му помагал на Гарибалди. Меѓутоа, поради својата републиканска вокација, Сан Марино веќе неколку пати пречекало политички бегалци од цела Италија, додека ја одржувало својата состојба на неутралност. Така, по серија разговори Сан Марино дало позитивно мислење за транзитот на Гарибалди.

Планината Титано

Така, тој август 1849 година, благодарение на поддршката на малата република, Гарибалди успеал да побегне преку планината Титано и да се спаси од австриската војска која ја сакала главата на италијанскиот херој. Гарибалди никогаш не го заборавил помошта на Сан Марино и не пропуштил можност да ја пофали најстарата република во светот. Самите Санмаранци му дале и почесно државјанство. Исто така, благодарение на овие факти - долгата републиканска историја и неутралност (барем на хартија) - никој никогаш не помислил да ја нападне планината Титано и така малата република останала независна во текот на целата ера на Ризорџименто.

Денес во центарот на Сан Марино има многу плакети во спомен на преминот на Гарибалди. На една стои фразата што ја кажа италијанскиот херој по обединувањето на Италија, а се однесува на малата држава: „Горд сум што сум граѓанин на таква доблесна република“.

Џузепе Гарибалди
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе