10 мај 1960, подморница прв пат ја обиколила Земјата
Американската подморница USS Triton на денешен ден ја комлетирала првата историска подповршинска обиколка на Земјата.
Заведена под тајното име Operation Sandblast, првата подповршинска обиколка на Земјата започнала на 16 февруари 1960 година, а командувал капетанот Едвард Л. Бич Џуниор. Подморницата USS Triton (SSRN-586) на американската морнарица била радарска патролна подморница на нуклеарен погон.
USS Triton ја следела рутата на легендарниот морепловец Фердинандо Магелан, кој со брод прв ја обиколил Земјата помеѓу 1519 и 1522 година. Испловувањето било во Нов Лондон на 16 февруари, а на 10 мај пристигнала во Рихобут Бич во Делавер, по што американскиот претседател Двајт Ајзенхауер од Белата куќа го објавил големиот историски потфат.