10 места во светот каде ајкулите најчесто напаѓаат

Иако нападите од ајкули се всушност ретки, постојат места во светот каде што се почести од другите. Каде се најчести нападите на ајкули?

Нападите од ајкула се ретки. Во текот на 2021 година имало вкупно 137, од кои 11 завршиле со смрт. Гледајќи ја статистиката, веројатно би требало да бидеме повеќе загрижени за плимата и осеката, медузите или сообраќајните несреќи отколку неочекуваната средба со оваа риба.

Сепак, постојат места во светот каде што нападите на ајкули се почести од другите дестинации, пишува How Stuff Works, а во овие десет, нападите на ајкули се најчести:

10. Папуа Нова Гвинеја

Папуа Нова Гвинеја е источната половина на островот Нова Гвинеја во Тихиот Океан, најголемиот тропски остров во светот. Во Папуа Нова Гвинеја се регистрирани 48 напади на ајкула од 1848 година. Тоа е повеќе од Нов Зеланд, кој има забележано 39 напади од 1852 година. Сепак, Нов Зеланд има 15.134 километри крајбрежје, додека Папуа Нова Гвинеја има само 5.152 километри крајбрежје.

Водите на Папуа Нова Гвинеја се богати со морски свет. Нуркачи од целиот свет доаѓаат на овој остров за да уживаат во истражувањето на подводниот свет, а нуркањето со ајкули е една од атракциите. Не е познато дали евидентираните напади на ајкула во Папуа Нова Гвинеја биле напади врз нуркачи и други туристи или врз локалните жители кои ги ловат.

9. Јужна Каролина, САД

Од 1837 година, во Јужна Каролина имало 107 напади на ајкули врз луѓе. Иако тие се случуваат по должината на целото крајбрежје на државата, 37 од нападите се случиле во округот Чарлстон, дом на неколку градови на плажа, а 36 се случиле во округот Хори, дом на популарната Миртл Бич.

Оваа листа ни кажува и дека нападите на ајкули се побројни кога во водите околу одредена земја живеат повеќе видови ајкули. Така е и со Јужна Каролина, во чии води се откриени околу 12 видови ајкули. Видовите се главно благи, но забележани се и поагресивни, како што се тигрестите и бик ајкулите. Крајбрежните утоки на Јужна Каролина се добри за мрестење и хранење.

8. Бразил

Повеќето напади на ајкули во Јужна Америка се случуваат во водите крај Бразил, каде од 1931 година имало 107 напади на ајкули врз луѓе.

Како „најопасен“ од сите се истакнува градот Ресифе, чии проблеми со ајкулите започнаа во 1980-тите, кога јужно од овој град беше изграден Порто Суапе. Изградбата затвори две слатководни утоки, каде што се појавија бик ајкули. Кога утоките биле затворени, ајкулите отишле на следниот, кој случајно се нашол токму во водите околу Ресифе. Блискиот канал што го користат сурферите стана ново место за хранење на овие ајкули. Ајкулите можеби биле привлечени уште поблиску до брегот на Ресифе од кланицата, која испуштала крв во блиските притоки.

Брегот на Ресифе е долг 20 километри, оттогаш е исклучително опасно место. Секој трет напад на ајкула во Ресифе бил фатален.

7. Калифорнија, САД

Во декември 2021 година 42-годишен сурфер беше убиен од голема бела ајкула во заливот Моро. Тоа беше еден од 29-те напади на ајкули пријавени долж брегот на Калифорнија од 2012 година и трет фатален напад во истиот временски период.

Три напади на ајкули се случија во Калифорнија во 2021 година, од кои еден беше фатален. Од 1926 година, Калифорнија забележала 130 напади.

Кога зборуваме за напади на ајкули во Калифорнија, тие се со поголема веројатност да се случат долж северниот брег, во озлогласениот Црвен триаголник.

Околу 145 километри од брегот на Северна Калифорнија помеѓу Поинт Рејес и заливот Монтереј ја сочинуваат едната страна од Црвениот триаголник; ако линиите почнуваат од тие две точки, тие би се поврзале покрај островите Фаралон, западно од Сан Франциско. Водата во тој триаголник е дом на бројни фоки и морски лавови кои привлекуваат многу големи бели ајкули.

Исто така, има многу плажи во Црвениот триаголник кои привлекуваат сурфери, вклучувајќи ги и плажата Болинас и плажата Стинсон.

6. Округот Бревард, Флорида, САД

Имало 895 напади на ајкули врз луѓе во сојузната држава Флорида од 1882 до 2021 година, а таа бројка ѝ донесе на Флорида две места на оваа листа. Прво доаѓа округот Бревард, каде што се случиле 155 напади од 1882 година.

Но, ајкулите не се единствениот проблем што го мачи Бревард.

Во 2008 година, Forbes ги прогласи плажите на округот Бревард за најопасните места за давење. Помеѓу 1995 и 2017 година, 27 луѓе се удавиле во струи во Бревард, повеќе од која било друга област во Соединетите Држави, освен Волусија на Флорида (до која ќе дојдеме подоцна). Делови од ова крајбрежје на Флорида, исто така, припаѓаат на Алејата на молњите, област со најмногу удари на гром во САД.

5. Хаваи

Две третини од 159-те напади на ајкули на Хаваите од 1828 година се случиле во близина на брегот на два острова: 64 напади на Мауи и 42 напади на Оаху. Ниту другите острови не се безбедни, 28 напади се регистрирани во Кауаи и 19 на големиот остров Хаваи.

Сепак, иако секој живот е скапоцен, вкупниот број е прилично низок ако се земат предвид милионите туристи кои ги посетуваат Хаваите секоја година, особено ако се земе предвид дека приближно 40 видови ајкули ги нарекуваат водите околу Хаваите свој дом. Еден од овие видови е опасната тигреста ајкула, која после големата бела е одговорна за најмногу напади врз луѓето.

Островот Мауи

Постојат две мислења за ајкулите на Хаваи. Од една страна, фатален напад во 1959 година доведе до децениска програма за искоренување на ајкулите спонзорирана од Владата. Од друга страна, некои локални жители на Хаваи ги нарекуваат тигрестите ајкули aumakua, или духот на чуварот.

4. Квинсленд, Австралија

Во 2006 година, Сара Кејт Доки пливала во близина на Бризбејн во вода до половината, кога била нападната од три бик ајкули, ѝ ги откинале двете раце и ја гризеле во пределот на стомакот и нозете. Нејзините пријатели на брегот на почетокот го игнорирале нејзиниот крик, мислејќи дека е шега. А, потоа виделе крв во водата. Смртта на Сара е само еден од 199-те напади во Квинсленд од 1700 година.

Австралија е дом на 166 видови ајкули. Секој од нив можете да го сретнете насекаде на брегот, но источниот брег на оваа земја е особено загрозен бидејќи е густо населен.

Источниот брег на Австралија се состои од две големи држави: Квинсленд и Нов Јужен Велс, кои меѓусебно се натпреваруваат за најопасниот брег во Австралија. Помеѓу 1917 и 2017 година, на пример, имало 52 смртни случаи во Квинсленд, од вкупно 134 смртни случаи во Австралија. За среќа, немаше напади или смртни случаи во Квинсленд во 2021 година.

Некои од плажите во Квинсленд се заштитени со јажиња или куки за фаќање ајкули, како и со заштитни мрежи. Мрежите се дизајнирани да ловат ајкули подолги од 2 метра, за поопасните ајкули да не се приближуваат до брегот. Сепак, Владата мора постојано да ја брани оваа практика пред еколозите. Во 2005 година, поради младенче грбав кит што се заплетка и умре во мрежа, Владата на Квинсленд објави бројки во врска со успехот на мрежите. За една година биле фатени 630 ајкули; 298 од нив биле поголеми од 2 метра, вклучително и тигреста ајкула од 5,2 метри.

3. Нов Јужен Велс, Австралија

Како и нејзиниот сосед на север, Квинсленд, Нов Јужен Велс, држава долж источниот брег на Австралија, е сопственик на прекрасни плажи, кои се дом на бројни ајкули. Имаше 267 напади во Нов Јужен Велс од 1700 година. Ова вклучува пет напади и една смрт во 2021 година, од вкупно 47 смртни случаи.

Некои неодамнешни напади помогнаа ова сончево место да се рангира толку високо на листата. Во 2015 година, сурфер почина откако ајкули му ги каснаа двете нозе. Тоа беше трет фатален напад во Нов Јужен Велс во изминатите 12 месеци.

2. Јужна Африка

Можеби мислите дека 259 напади на ајкули од 1905 година ќе ги оддалечат луѓето од водите на Јужна Африка, но се чини дека тоа не е така. Сè повеќе луѓе се собираат во водите на Јужна Африка за да нуркаат со ајкули.

Јужна Африка беше една од првите земји што официјално ги заштити големите бели ајкули, па нивната популација се зголеми. Во водите може да се видат, меѓу другите, мако, тигреста, чекан, бик и црна ајкула...

Островот Даер, во близина на Кејп Таун, го доби прекарот Алеја на ајкулите поради многубројните видови, особено големиот број големи бели ајкули. Тие го поминуваат своето време овде демнејќи ја карпата Гејзер, дом на повеќе од 50.000 фоки.

1. Округот Волусија, Флорида, САД

Во округот Волусија на Флорида имало 337 напади од 1882 година.

Плажата Нова Смирна, која се наоѓа во Волусија, има повеќе инциденти на квадратен километар од која било друга плажа во светот. Ако некогаш сте пливале во Нова Смирна, речиси сигурно сте дошле на 10 метри од ајкула. Затоа Нова Смирна го носи прекарот Светска престолнина на напади од ајкули.

Иако областа е дом на многу риби-мамки, вообичаениот плен на ајкулите, вистинската причина за големиот број напади е едноставно бројот на луѓе во водата. Во овие води се собираат капачи и риболовци, а плажите во оваа област се едни од најпопуларните за сурфање. Понекогаш има и до 300 сурфери во водата во еден ден.

Зошто овие луѓе се храбри иако знаат дека Смирна е „главен град на нападите на ајкули“? Веројатно затоа што нападите во округот Волусија се прилично благи и обично се случуваат само мали каснувања.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе