10 најчудни факти за бродот „Титаник“
Бродот „Титаник“ потона ноќта на 14 април, 1912 година, на околу 740 километри од најблиското копно. Првиот брод кој дошол на помош стигнал час и половина по тонењето, долго откако последната жртва во ладниот океан веќе била мртва. Температурата на водата изнесувала 2,2 Целзиусови степени, а на толку ниска температура човек може да преживее само 15 минути во вода.
Во оваа трагедија загинаа 1.517 луѓе, а најголема шанса за преживување имале патниците од прва класа: биле спасени 63 % од нив. На „Титаник“ имало 20 чамци за спасување во кои можело да собере околу 1.100 патници, што било половина од бројот на патници на бродот таа кобна ноќ.
Ова се факти за фамозниот брод што може да се најдат речиси секаде, а за оние почудните и несекојдневите, погледнете го видеото.