10-те најубави градби на Антони Гауди

Доколку некогаш се најдете во Барселона, не пропуштајте ја можноста да уживате во уметничките дела на познатиот каталонски архитект Антони Гауди.

Делата на овој необичен уметник се меѓу првите асоцијации кога се споменува Барселона, а речиси и да нема туристи кои се нашле во овој каталонски град без да ја посетат Саграда Фамилија, најпознатото и сè уште недовршено дело на Антонио Гауди.

Стилот на овој шпански архитект е впечатлив и изобилува со необични и неочекувани карактеристики и форми, кои заедно обликуваат нереални и спектакуларни уметнички дела.

Ви ги претставуваме 10-те најважни градби на Гауди кои треба да ги посетите во Барселона.

Ла Саграда Фамилија - La Sagrada Família

Саграда Фамилија е дефинитивно најпознатата зграда на Гауди и еден од заштитните знаци на Барселона. Оваа црква се гради од 1892 година и не се очекува да биде завршена пред 2030 година. Црквата е одлична презентација на односот меѓу човекот, природата и религијата преку архитектурата и скулптурата. Ако се искачите на една од нејзините кули, ќе уживате во уникатен поглед на Барселона.

Куќа Калвет - Casa Calvet

Куќата Калвет била изградена помеѓу 1898 и 1900 година за семејството на текстилни индустријалци Калвет. Ова е најконвенционалното дело на Гауди. Камената фасада го прикажува влијанието на барокот, со своите испакнати прозорци, скулпторски украси и внатрешен дизајн. Обликот на балконот може да се гледа како претходник на облиците користени во Куќата Батљо, каде Гауди уште повеќе се свртел кон инспирацијата од природата. На покривот се гледаат два фронта, на кои има еден железен крст. Опкружени се со разни камени орнаменти и се крунисани со статуа на двајца светци од семејството Калвет.

Куќа Батљо - Casa Batlló

Куќата Батљо е производ на целосна реставрација на стара куќа од 1877 година, што ја направил Гауди во 1904 година. Во овој случај користел типични конструктивни елементи на модернизмот, кои вклучуваат керамика, камен и ковано железо.

Палата Гуељ - Palau Güell

Му припаѓала на семејството Гуељ. Надворешноста покажува фасада која не ја отсликува препознатливоста на Гауди. Од друга страна, внатрешноста и покривот го компензираат недостатокот на елементите на Гауди во фасадата. Централната дневна соба има необична параболична купола, а таванот во дневната е перфориран со кругови, кои на дневна светлина даваат изглед на планетариум. Покривот е исполнет со оџаци и конусни отвори, кои потсетуваат на новогодишни елки.

Финка Мираљес - Finca Miralles

Oваа необична црква и овална крипта Гауди ја дизајнирал во 1898 година, а била завршена дури во 1914. Внатрешноста на криптата има 5 премини: еден централен и два на секоја страна. Оригиналните варијации на формата на Гауди се претставени и однадвор и одвнатре. Криптата е изградена од базалтни камени тули со мозаици, кои и даваат архаичен изглед.

Финка Гуељ - Finca Güell

Finca Güell бил прекрасен имот на еден од најголемите клиенти на Гауди, Еузеби Гуељ и Бачигалупи, грофот од Гуељ. Најголемо внимание во овој објект предизвикува влезната железна порта. Комплексот се состои од две згради, кои се поврзани со монументална порта од леано железо украсена со вегетативни фантастични елементи на арт нова и медалјон во форма на буквата G (Güell). Највпечатлив е невообичаено големиот железен змеј.

Куќа Мила - Casa Milà

Куќата Мила, или Ла Педрера (La Pedrera), е една од најзначајните градби на Гауди и една од најимагинативните куќи во историјата на архитектурата. Оваа зграда е повеќе скулптура отколку зграда. Фасадата е разновидна и хармонична маса од камен која заедно со ковано железо на балконот ги истражува неправилностите на природниот свет. Од 1984 година, оваа зграда е на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Куќа Висенс - Casa Vicens

Ова е првата значајна зграда на Гауди. Изградена помеѓу 1883 и 1888 година, Куќата Висенс е имагинативен проект за домување за богатото семејство на Мануел Висенс и Монтанер, кое поседувало фабрика за керамика, што секако ја отсликува фасадата, која се состои од значителен број керамички украси (техника тренкадис). Доколку ја посетите Куќата Висенс може да го забележите влијанието на исламската архитектура на фасадните решенија, како и во некои од нејзините простории.

Парк Гуељ - Park Güell

Паркот Гуел е изграден помеѓу 1900 и 1914 година, а денес е дел од списокот на светско наследство на УНЕСКО. Станува збор за градинарски комплекс, во кој куќите се изградени во динамичен дизајн, вклучувајќи ја и куќата на Гауди. Најголем дел од градбите се изработени во техниката тренкадис (површината е покриена со неправилни керамички делови), што е карактеристика на Гауди и арт нова. Големата сала со колонади и терасата со серпентина форми се најпознатите места во овој парк, кој е совршено место за мирна прошетка додека уживате во природата и ги гледате уметничките дела на Гауди.

Каскада - Cascada

Каскадната фонтана ја дизајнирал Жузеп Фонтсере и Местре во 1881 година заедно со младиот Гауди за потребите на универзалната изложба. Инспирирана од познатата Фонтана ди Треви во Рим, оваа фонтана се наоѓа во најпознатиот парк во Барселона, Ла Сиутадеља (Цитаделата).

Тагови
реклама

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе