11 дена војна за Нагорно-Карабах: Мртвите ги оставаат на фронтот, гори магацин за нафта

Главниот град на Нагорно-Карабах е на удар единаесетти ден по ред. Премиерот на Ерменија зборува за геноцид. Министерството за одбрана тврди дека „непријателот бега и ги остава мртвите“.

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Арцрун Хованисјан, изјави дека Азербејџан подготвува офанзива, собира војници на границата со Иран, за да не може Нагорно-Карабах да отвори оган кон нив.

Во исто време, портпаролката на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан, изјави дека во текот на ноќта непријателот се обидел да се зацврсти во правец југоисток, иако не стигнал до градот Џебраил, но дека артилериските единици на ерменските вооружени сили му возвратиле на огнот.

Како што рече таа, во 6:30 часот утрото по локално време, по уште еден ракетно-артилериски напад, остатоците од трите супертешки непријателски бригади побегнале од бојното поле, оставајќи уште 60 мртви на фронтот, како и 22 погодени единици и неколку десетици единици исправна опрема.

*Внимание! Содржината на видеата може да ве вознемири!

URL
URL

17:30 часот

Ерменска страна: Уништен магацин за нафта, убиени 200 војници

Ерменското Министерство за одбрана објави видео од уништувањето на магацин за гориво на вооружените сили на Азербејџан. Портпаролката Шушан Степанјан исто така ја потврди таа информација во објава на Facebook.

URL

„Како резултат на брилијантно изведените акции на армијата за одбрана на Архац, уништен е уште еден магацин на нафтени деривати од витално значење за азербејџанската армија“, напиша таа.

Хованисјан, пак, на својот Facebook профил објави дека покрај уништениот магацин има касарна со непријателски војници, пренесува Спутник.

Тој вели дека армијата на Арцах гранатирала магацин за гориво, како резултат на што касарната била уништена.

„Во бараките има 200 жртви. Нивната армија за нив нема никаква вредност“, напиша тој.

URL

14:30 часот

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев денеска изјави дека неговата земја треба да се врати на преговори со Ерменија по завршувањето на акутната фаза на воениот конфликт во регионот Нагорно-Карабах.

Алијев во интервју за руската државна телевизија рече дека Турција има право да посредува во преговорите.

URL

13:06 часот

Обврските на ОДКБ не се однесуваат на Нагорно-Карабах, за разлика од Ерменија, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ова се обврски во однос на безбедноста. Односно, ако земја-членка на ОДКБ е цел на агресија, територијален напад, во тој случај земјите-членки на договорот имаат обврска да застанат во одбрана на таа држава", рече Песков на прашањето на новинарите за какви обврски станува збор.

Пашинјан: Геноцид

Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, денес изјави дека акциите на Турција и Азербејџан изгледаат како „терористички напад“ врз Нагорно-Карабах и дека тоа е продолжение на геноцидот врз Ерменците.

„Се соочуваме со азербејџанско-турски меѓународен терористички напад“, рече Пашинјан за Sky News, додавајќи дека „за него нема сомнеж дека ова е политика на продолжување на геноцидот над Ерменците и политика на повторно воспоставување на турската империја“, додаде тој.

Тој потсети на убиството на 1,5 милиони Ерменци во Отоманската империја од 1915 до 1923 година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе