11 јуни 1955, 84 загинале во најсмртоносната трка на ФИА
Дури 84 луѓе загинале, а 120 биле повредени откако еден од тркачите на познатата трка 24 часа Ле Ман излетал од патеката и удрил директно во публиката.
Маневрите кои ги направиле Мајк Хоторн, возач на Јагуар, и Ленс Маклин од Остин-Хили, резултирале со тоа да францускиот тркач Пјер Левек удри во автомобилот на Маклин, полета во воздух над заштитната ограда со брзина од 200 километри на час и да заврши во гледалиштето. Левек двапати се тумбал, автомобилот екслодирал, а купишта остатоци од колата како шрапнели завршиле во публиката.
Вкупно 83 гледачи биле усмртени, а 84-тата жртва бил Левек која загинал уште при првиот удар. Истрагата на крајот заклучила дека никој од возачите не бил виновен, туку ја обвиниле стазата стара 30 години која не била дизајнирана за трки со толкава брзина.
Несреќата во Ле Ман е најсмртоносната во историјата на автомобилските трки. Шампионатот на ФИА за автомобили беше укинат во 1992 година.