12-годишно девојче жртва на групно силување во Франција, еврејската заедница е гневна

Двајца малолетници се осомничени за силување, смртни закани, навреди и антисемитско насилство врз 12-годишно девојче во Курбевоа, Франција, соопшти обвинителството во Нантер. Трет малолетник е осомничен дека помагал и бил сведок на силувањето.

Тројца малолетници се уапсени во понеделникот и „имаат притвор во зависност од нивната возраст“, ​​објаснуваат од обвинителството. На двајца 13-годишници им е одреден притвор, додека на 12-годишникот му е одредена привремена воспитна мерка. Случајот предизвика бурни реакции кај еврејската заедница, пишува Le Monde.

Отежната околност за осомничените малолетници лежи во тоа што тие делата ги сториле „поради верската припадност на жртвата“, посочи државниот правобранител.

Раст на антисемитизмот

Според полициски извор од агенцијата France-Presse (AFP), 12-годишното девојче изјавило дека ѝ пришле три момчиња и ја влечеле додека била во парк во близина на нејзиниот дом со пријател. Осомничените ја претепале и „ја принудувале на анална и вагинална пенетрација, орален секс, со смртни закани и антисемитски навреди“, рекол изворот.

Пријателот на жртвата успеал да ги идентификува двајцата напаѓачи. Девојчето по нападот било пренесено во болница. Направен е гинеколошки преглед кој потврдил дека е силувана.

Хаим Корсија, главниот рабин на Франција, предупреди на „невиден антисемитски бран“ и нагласи дека е „згрозен“ од настанот.

Претставничкиот совет на еврејските институции на Франција ја изрази својата тага „поради трагичното силување на девојчето“, најавувајќи дека „внимателно ќе ги следи сите случувања во овој крајно загрижувачки случај“.

Антисемитските акти се зголемија во Франција во првиот квартал од 2024 година, според владините податоци. Во првите три месеци од годинава евидентирани се вкупно 366 антисемитски дејствија, што е за 300 отсто зголемување во однос на лани.

реклама

Чистка во Грција: Панично се собираат чадори и маси од плажите

Read more

Убиен 31-годишен припадник на АРМ по приватна расправија

Read more

Зошто има сè поголем број случаи на рак на пенис низ светот?

Read more

Кога Данела ќе плива во Вардар?

Read more

Свет

Дали Мелони ќе ѝ забие нож во грб на Урсула фон дер Лајен?

Read more

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Read more

Нетанјаху тврди дека Хамас уништил поголем план на Иран: Едноставно пукаа пред време

Read more

По 14 години изградба Путин го отвори автопатот меѓу Москва и Санкт Петербург

Read more
 

Вести

Пилот од Битола се врати од пензија за да гасне пожари

Читај повеќе

Armani и Dior под истрага за експлоатација на работници

Читај повеќе

Тепачка пред кафеана во скопски Карпош

Читај повеќе
  • play_arrow

Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Читај повеќе

30-дневен притвор за осомничениот за убиството на војникот во Македонски Брод

Читај повеќе

Повторно отворен граничниот премин „Богородица“

Читај повеќе

Дали Мелони ќе ѝ забие нож во грб на Урсула фон дер Лајен?

Читај повеќе

Граничниот премин „Богородица“ сè уште затворен, возилата се пренасочуваат кон Дојран

Читај повеќе

Грција воведува кризен данок за производителите на струја

Читај повеќе