13 дена војна: Ерменската војска се евакуира, дали Москва ќе пресече?

Војната на Кавказ трае веќе 13 дена. Вчера беше гранатирана црквата Свети Спас Шуша во Нагорно-Карабах, а борбите не престануваат и денеска.

Баку: Загинаа 31 цивил, имаме 164 ранети

Бројот на ранети азербејџански цивили во конфликтот со Ерменија околу Нагорно-Карабах се искачи на 164, додека 31 лице го загубија животот, соопшти денеска канцеларијата на Генералното обвинителство на Азербејџан.

„31 цивил беа убиени, додека 164 беа ранети кога Ерменците стрелаа со тешки артилериски и ракетни системи кон нас. Тие пукаат во населените области во Азербејџан, почнувајќи од попладнето на 27 септември, па сѐ до денес“, стои во соопштението.

URL

Генералното обвинителство на Азербејџан додаде дека бројот на ранети е поголем за 10 цивили, во споредба со четвртокот.

Се додава дека ерменските сили гранатираа и оштетија 1.053 куќи, 45 згради и 142 цивилни установи.

URL

12:06 часот

Ерменската армија се евакуира од Степанакерт, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.

До самото утро се водеа жестоки битки долж фронтот - азербејџанската армија нападна важни правци и ја ограничи слободата на движење на противниците.

„Припадниците на вооружените сили на Ерменија, со големи загуби во нападот на азербејџанската армија врз Ханкенди (Степанакерт) - се евакуираат. Голем број војници беа убиени и ранети во артилериски напад врз една од единиците во Ханкенд“, тврдат во Баку.

URL

11:24 часот

„И покрај сите тешкотии, нашиот народ е обединет како никогаш порано и е решен да застане до крај и да ги брани нашата слобода и независност“.

URL
URL
Решението за конфликтот е во Москва?

Азербејџан и Ерменија го потврдија своето учество во консултациите во Москва, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

„Баку и Ереван го потврдија своето учество во консултациите во Москва. Во тек се активни подготовки“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Ерменската амбасада во Москва објави дека шефот на дипломатијата на нивната земја, Зограб Мнакаканјан, ќе пристигне во Русија во вториот дел од денот.

Вчера Кремљ објави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, ги поканил шефовите на дипломатиите на Азербејџан и Ерменија во Москва.

10:47

Ереван: Тензиите не стивнуваат во Нагорно-Карабах

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанјан напиша дека тензиите во Нагорно-Карабах и денеска се на доста високо ниво.

„Ситуацијата на линијата за раздвојување со Азербејџан остана напната. Операциите и тактичките операции не се променети. Престрелките продолжија во некои сектори на фронтот, имаше размена на артилериски оган“, напиша таа на својот Facebook профил.

Таа додаде дека имало и напади врз населени места.

„Одбраната на Нагорно-Карабах целосно ги контролира операциите и тактичките ситуации и е подготвена за секое сценарио“, рече таа.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе