13 февруари 1633, инквизицијата го уапсила Галилео Галилеј
Римокатоличката инквизиција во Рим го уапсила италијанскиот астроном Галилео Галилеј затоа што ја докажал предноста на Коперниковиот хелиоцентричен систем над Птоломејскиот геоцентричен систем.
Галилео бил изведен пред инквизиторот Винченцо Макулани каде пред закана за измачување тврдел дека од 1616 не го прекршил ветувањето да ги поддржува своите идеи. Сепак, признал дека секој читател на неговиот „Дијалог“ би добил коперникови идеи.
Пресудата била дека е виновен за ерес поради тврдењето дека Сонцето не се движи и дека Земјата не е центар на универзумот и се движи, но со олеснителна околност. Бил осуден на домашен притвор до крајот на животот, а неговото дело „Дијалог“ било забрането.
Легендата вели дека бранејќи ја тезата за движењето на Земјата, Галилео тивко прошепотил „E pur si muove“ (Сепак се врти).