Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
реклама

13 јуни 2021, Македонија дебитираше на ЕУРО

На денешен ден во 2021 година македонската фудбалска репрезентација го имаше својот историски деби настап на едно големо натпореварување - Европското првенство 2020 на УЕФА, кое поради пандемијата се одржа една година подоцна.

Македонија играше против Австрија во 1. коло од групата Ц на стадионот „Арена Национала“ во Букурешт, главниот град на Романија. Македонците одиграа солиден натпревар, го постигнаа и првиот гол на европските првенства преку Горан Пандев, но на крајот загубија со 3:1. Натпреварот го судеше Швеѓанецот Андреас Екбериј.

За Македонија настапија: Столе Димитриевски; Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу (86' Милан Ристовски); Бобан Николов (63' Егзон Бејтулаи), Енис Барди (82' Иван Тричковски), Аријан Адеми, Елиф Елмас, Езѓан Алиоски; Горан Пандев (к), Александар Трајковски (63' Тихомир Костадинов). Селектор: Игор Ангеловски.

За Австрија настапија: Даниел Бахман; Штефан Лајнер, Александар Драговиќ (46' Филип Линхарт), Мартин Хинтерегер, Андреас Улмер; Кристоф Баумгартнер (58' Михаел Грегорич), Конрад Лајмер (90'+3 Јулиан Баумгартлингер), Ксавер Шлагер (90'+4 Штефан Илсанкер), Дејвид Алаба (к); Марсел Сабитцер; Саша Калајџиќ (59' Марко Арнаутовиќ). Селектор: Франко Фода.

На трибините, иако поради заштитните мерки поради пандемијата стадионот беше со преполовен капацитет, имаше неколку илјади македонски навивачи дојдени од Македонија, Европа, Северна Америка и Австралија.

Remote video URL

Фото: ФФМ

Спорт

Спектакуларното финале на АФКОН 2025 низ објектив

Read more

Фудбалскиот спектакл во Битола низ италијански објектив

Read more

Прошетка низ новите ВАР соби на ФФМ

Read more

Чудесниот Кари донесе победа за Голден Стејт и водство во серија против Хјустон

Read more