13 мај 1982, неуспешен атентат над папата Јован Павле II
Среде плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан турскиот терорист Мехмед Али Аџа пукал кон папата Јован Павле II, ранувајќи го во стомакот и раката.
Папата бил погоден при влезот на плоштатот и тоа со 4 куршуми по што изгубил многу крв, но за среќа преживеал. Аџа веднаш бил уапсен и подоцна осуден на доживотен затвор од страна на италијанскиот суд. Потоа папата му простил на Аџа и на негово барање бил ослободен и депортиран во Турција во јуни 2000 година.