13 октомври 1792, почнала изградбата на Белата куќа
Камен темелникот на Белата куќа во Вашингтон бил удрен на денешен ден пред точно 231 година.
Откако САД добиле нов главен град, специјално изграден за таа намена, било решено и претседателот да добие свој посебен дом. На конкурс било одбрано конечното решение за изгледот на претседателската куќа. Бил одбран дизајнот на ирскиот архитект Џејмс Хобан.
Изградбата почнала на денешен ден во 1792 година, а била комплетирана на 1 ноември 1800 година кога тогашниот претседател Џон Адамс станал прв кој живеел во оваа резиденција.
Го добила името Бела куќа поради белосивиот камен од Вирџинија со кој била изградена.