14 јануари 2005, сондата Хајхенс го направила најдалечното слетување од Земјата
По седумгодишно патување европската сонда Хајхенс успеала да се спушти на сатурновата месечина Титан и да ги испрати првите фотографии во контролата на летање во Дармштат.
Именувана во чест на холандскиот астроном од 17 век Кристијан Хајхенс, кој во 1655 година го открил Титан, оваа европска сонда била дел од мисијата Касини-Хајхенс лансирана на 15 октомври 1997. На 25 декември 2004 Хајхенс се одделила од Касини упатувајќи се кон Титан. На 14 јануари 2005 се спуштила на Титан и 90 минути испраќала податоци во ЕСА.
Сондата Хајхенс до денес е вселенско летало кое слетало на небесно тело најоддалечено во нашиот Сончев Систем.