14 патници од Diamond Princess вратени во САД се позитивни на корона вирусот Covid-19

Четиринаесетте луѓе евакуирани од крузерот Diamond Princess кои беа вратени во САД со чартер лет, имале позитивни резултати за присуство на новиот корона вирус, стои во заедничкото соопштение од Министерството за здравство на САД и Одделот за човечки ресурси.

Патниците се дел од над 300 луѓе кои беа евакуирани од бродот што се закотви во пристаниште во Јокохама, Јапонија и кои синоќа беа донесени со авиони до воени бази во САД.

Американски официјални лица соопштија дека патниците се позитивни на вирусот Covid-19, како што покажале резултатите од тестирањата направени три дена пред евакуацијата.

На летовите, заразените патници биле изолирани од другите и ситуацијата била внимателно следена.

Останатите патници ќе останат во карантин 14 дена. Некои од патниците не сакале да бидат евакуирани во истите авиони со заразените, стравувајќи дека ќе се заразат при транспорт.

Кај уште 99 лица кои се наоѓаат на крузерот е потврдено присуство на новиот корона вирус, соопшти денеска јапонското Министерство за здравство.

Бројот на заразени на бродот, во кој има 3.711 патници и членови на екипажот, се зголеми на 454, откако вчера беше потврдено дека 355 луѓе се заразени.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе