15 август 1969, Почнал фестивалот „Woodstock“
На денешен ден почнал првиот од четирите дена на фестивалот „Woodstock“ кој до ден денес останува запаметен како најголемиот и најлегендарниот во историјата на музиката.
Фестивалот се одржал на фармата на Макс Јасгур во гратчето Бител, околу 65 километри југозападно од малиот град Вудсток во сојузната држава Њујорк во САД.
На првиот ден настапиле Ричи Хејвнс, Сатчидананда Сарасуати, рок бендот „Sweetwater“, Брт Сомнер, Тим Хардин, Рави Шанкар, Мелани, Арло Гатри и Џоен Баиз.
Оригиналиот план било фестивалот да заврши на 17-ти, но бил продолжен за уште еден ден. Се претпоставува дека вкупно 400 илјади луѓе биле присутни во четирите дена.