15 јули 1963, роден е Игор Џамбазов
На денешен ден, во семејството на композиторот Александар Џамбазов и македонската актерка Анче Џамбазова е роден нашиот славен актер Игор Џамбазов.
Со глума почнал да се занимава од шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот. Значајна улога има во улогата на Трајче во филмот Волшебното самарче според истоимената книга на Ванчо Николески.
Џамбазов дипломирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Факултетот за драмски уметности, Скопје, отсек актерска игра, во 1987 година. Од 1987 до 1992 работи во Драмски театар, а потоа и во Македонски народен театар.
Фото извор: Facebook страница на Македонски народен театар