15 јуни 1882, роден е македонскиот револуционер Павел Шатев
На денешен ден, во 1882 година во Кратово е роден Павел Шатев, истакнат македонски револуционер и анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори.
Основното училиште го завршил во родниот град, а во 1900 година успешно матурирал во Солунската гимназија. Истовремено им се приклучил на Гемиџиите. Бил задолжен да го потопи со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“.
Оваа акција била успешно извршена, при што бродот бил запален, а сите патници спасени. Бил уапсен и на судскиот процес на 6 јуни 1903 година бил осуден на смртна казна. Исчекувајќи го трите години за извршувањето на смртната казна во солунскиот затвор Еди Куле, на 23 април 1906 година, неочекувано, смртната казна му била заменета со доживотен затвор во Фезан, Сахара. Во 1908 година, по Младотурската револуција, добил амнестија и повторно дошол во Солун.
Во текот на Првата светска војна бил мобилизиран во бугарската војска, а по војната активно се вклучил во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија.
Починал на 30 јануари 1951 година, закопан бил на битолските гробишта.