Вчера во 12:50 часот СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено 16-месечно женско бебе од Скопје со повреди.
Во разговор со полициските службеници мајката на бебето, А.М.С.(21) од Скопје изјавила дека дека на 23.12.2019 околу 12:00 часот нејзиниот партнер С.И.(34) од Скопје, со кого живеела вонбрачно, го ставил бебето во детско седиште и со своето возило го однел кај дадилката Л.Д.(55) од Скопје.
Според нејзината изјава, истиот ден дадилката ѝ пријавила дека кога го земала бебето од И.С. забележала дека има повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.