17 февруари 1923, отворена била гробницата на Тутанкамон
На денешен ден, 17 февруари, во 1923 година, околу 2 часот попладне бил скршен печатот од влезот во гробницата на египетскиот фараон Тутанкамон, и првпат по 3 илјади години гробницата била отворена.
Гробницата била откриена во ноември 1922 година од страна на Хауард Картер во Долината на кралевите во Египет. Им било потребно време додека ја расчистат и дојдат до просторијата со саркофагот. На денешен ден Картер заедно со Лордот Карнарвон, кој ги финансирал ископувањата, неколкумина високи Египетски службени лица, кустоси, како и владини претставници, ја отвориле гробницата.
Внатре нашле 5.398 предмети како и погребниот златен ковчег на фараонот заедно со куп златни и скапоцени работи. На Картер му биле потребни 10 години за да ги документира скапоценостите.